close
Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 163.018 статии на македонски јазик и 271 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија

Александар Ончев Мартулков, познат по псевдонимот Бизмаркмакедонски револуционер и политичар. Меѓу првите пропагатори на социјализмот во Македонија. Деец на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание. Член и раководител на ВМРО (Обединета) во 1930-тите.

Роден во сиромашно работничко семејство, стекнал више образование во Скопското педагошко училиште. Во 1894 година се приклучил во социјалистичкото движење со поттик од Васил Главинов. Како член на Македонската социјалистичка група, учествувал во првото празнување на ден на трудот во Бугарија. Во 1900-тите соработувал со Велешкиот револуционерен реон и Иван Аљабакот. Во 1906 година се преселил во Софија каде се приклучил во Бугарската комунистичка партија. Учествувал во политичкото управување на Македонија по Младотурската револуција.

За време на Првата светска војна, го основал Комитетот на дезертери каде префрлил македонски борци од српската војска во Царството Бугарија. Во текот на војната бил секретар на Општина Оморани и подоцна чиновник во Косово и Метохија. По војната се приклучил во Емигрантскиот комунистички сојуз и Велешкото благотворително братство „Рајко Жинзифов“. Во 1931 година бил одбран за пратеник во народното собрание на Бугарија, заедно со Христо Трајков. Во 1932 година почнал со издавањето на весникот „Македонско знаме, следната година доживеал неуспешен обид на атентат од Михајловистите. На 8 јули 1936 година, го осудиле Мартуков заедно со останатите членови на ЦК на ВМРО (Обединета).

Учествувал во Народноослободителната борба. Во 1944 година се приклучил во Президиумот на АСНОМ и подоцна во народното собрание на НР Македонија. Помогнал со спроведување на Илинденската пензија и подоцна доделување на Илинденската споменица. Во 1954 година ги објавил неговите спомени насловени Моето учество во револуционерните борби на Македонија. Во текот на 1960-тите, Лазар Колишевски го изолирал Мартулков од секојдневните политички функции. Незадоволен со режимот, се преселил во Народна Република Бугарија каде починал. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 9 јули 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1816  Во Сан Мигел де Тукуман, денес во Аргентина, започнал со работа Тукуманскиот конгрес кој ја објавил независноста на Обединетите Покраини на Рио де ла Плата (денес Аргентина).
1873  Педесет години по пуштањето на првата железница во светот, меѓу Скопје и Солун е воспоставена првата железничка врска.
1877  Се одржува првиот тениски турнир во Вимблдон. Денес, овој турнир, кој е единствен гренд-слем што се игра на трева, се смета за неофицијално светско првенство на белиот спорт.
1922  Познатиот американски пливач кој подоцна ќе стане уште попознат филмски глумец откако ќе ја одигра улогата на Тарзан во истоимениот филм - Џони Вајсмилер - станува првиот човек во историјата кој делницата од 100 метри ќе ја преплива за време помало од една минута (58,6 секунди).
1960  Советскиот водач Никита Хрушчов го предупредува САД да не ја напаѓа Куба зашто во тој случај СССР би интервенирал.
1997  Масовни нереди во Гостивар, тројца етнички Албанци загинаа, а десетици цивили и полицајци се повредени.

Родени:

1834  Јан Нерудачешки писател и публицист.
1850  Иван Вазов — бугарски поет.
1937  Дејвид Ворк Грифитанглиски сликар.
1938  Петар Башески — македонски поет.
1946  Радомир Путник — српски писател, драматург и театролог.
1947  Мич Мичел — англиски тапанар, член на групата Џими Хенрикс експириенс (The Jimmi Hendrix Experience).
1950  Виктор Јанукович — претседател на Украина.
1952  Димо Н. Димчев — македонски поет.
1956  Том Хенксамерикански глумец.
1959  Џим Кер — шкотски рок-пејач, член на групата Симпл мајндс.
1964  Кортни Лав — американска рок-пејачка.
1964  Џанлука Вијали — италијански фудбалер.
1966  Зоран Терзиќ — српски и југолсовенски одбојкар и тренер.
1967  Јордан Лечков — бугарски фудбалер.
1968  Паоло Ди Канјо — италијански фудбалер.
1974  Никола Ѓуричко — српски глумец.
1978  Сашка Димитровска — македонска глумица.
1981  Ристо Арнаудовски — македонски ракометар.
1985  Ешли Јанг — англиски фудбалер.
1990  Лукас Лима — бразилски фудбалер.
1990  Рафаел да Силва — бразилски фудбалер.
1995  Марко Јанковиќ — црногорски фудбалер.
1997  Татјана Смит — јужноафриканска пливачка.
2003  Конор Бредли — северноирски фудбалер.

Починале:

1441  Јан ван Ајк — фламански сликар.
1746  Филип — шпански крал.
1850  Маргарет Фулер — американска новинарка.
1904  Славејко Арсов — македонски револуционер.
1913  Михаил Анагностакос — грчки офицер.
1934  Иван Хаџи Николов — македонски општественик и револуционер.
1942  Цветан Димовнароден херој на Македонија; убиен е од бугарските фашисти во Скопје во Обласната полициска управа.
1943  Иван Горан Ковачиќ — хрватски поет, есеист, новинар, политичар, преведувач и борец во НОВ.
1992  Ханс Ем — најстариот член на МАНУ. Учесник е во НОВ на македонскиот народ од 1941 година.
2001  Бедри Халими — член на ОНА.
Издвоен цитат

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер, кај што ќе заврши и нашето талкање. Нашето постојано паѓање“.
— „Пиреј“, Петре М. Андреевски, 1980 год.

Слика на денот

Црквата „Св. Апостол Јуда“ во Тутур, Тамил Наду, Индија.
Дали сте знаеле...


Кикиритка
Кикиритка


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 163.018 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Викиизвор — збирка на дела и книги
Викивести — вести од светот
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Викицитат — збирка на цитати
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Викивидови — именик на видови
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци— база на слободни знаења
Википатување — туристички водич