close
Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 162.388 статии на македонски јазик и 300 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија
Пристаништето на Ница
Пристаништето на Ница

Ница — петти најнаселен град во Франција, по Париз, Марсеј, Лион и Тулуза. Урбаната област на Ница се протега надвор од административните граници на градот со население од околу еден милион и зафаќа површина од 721 км². Сместен на југоисточниот брег на Франција на Средоземното Море, Ница е вториот најголем француски град на средоземниот брег, веднаш зад Марсеј.

Градот е наречен Nice la Belle (Nissa La Bella на окситански), што означува Убавата Ница, што исто така е името на неофицијалната химна на Ница, напишана од Меника Рондели во 1912. Ница е главен град на департманот Приморски Алпи и втор најголем град во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег по Марсеј.

Површината на денешна Ница се протега на „Тера Амата“, археолошко наоѓалиште во кое се најдени докази за многу рано користење на огнот. Околу 350 п.н.е., Грците од Марсеј основале постојана населба и ја нарекле Никаја, по божицата на победата Ника. Низ вековите, градот бил заземан многу пати од разни освојувачи. Неговата стратешка местоположба и пристаништето значајно придонеле за неговата поморска сила. Низ вековите бил владение на Савоја, потоа станал дел од Франција помеѓу 1792 и 1815, кога бил вратен на Пиемонт-Сардинија до неговото повторно припојување кон Франција во 1860.

Природната убавина на Ница и нејзината умерена средоземна клима им го привлекло вниманието на богатите Англичани во втората половина на XVIII век, кога голем број на благороднички семејства ги поминувале нивните зими овде. Главното градско шеталиште крај морето, Англиската променада (Promenade des Anglais) го добило своето име во име на посетителите на градот. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 14 јуни 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1777  Знамето на САД со 13 црвено-бели ленти и 13 ѕвезди на сино поле во горниот лев агол е усвоено од Конгресот на САД.
1789  Виски дестилирано од пченка за првпат е произведено од американскиот свештеник Елаја Крејг. Го нарекле Бурбон по местото на настанување: областа Бурбон во Кентаки.
1800  Наполеон Бонапарт на чело на француската војска ги победи австриските трупи кај италијанското село Маренго и повторно ја освои Италија.
1940  Група од 728 полски политчки затвореници од Тарнув стануваат првите жители на концентрациониот логор Аушвиц.
1941  СССР извршил масовна депортација и убиства на Естонци, Литванци и Летонци од нивните домови.
1962  Во Париз, е основана Европската организација за истражување на вселената, подоцна преименувана во Европска вселенска агенција.
1982  Германија, Франција, Белгија, Холандија и Луксембург го склучиле Шенгенскиот договор.
1985  Фолкландската војна завршила со безусловно предавање на аргентинските сили на британците.
1993  Тансу Чилер стана прва жена премиер во историјата на Турција.
1996  Во Скопје е отворен Британскиот информативен центар.

Родени:

1736  Шарл Огистен де Кулон — француски физичар.
1811  Хариет Бичер Стоу — американски аболиционист и писателка.
1832  Николаус Ото — германски инженер и пронаоѓач.
1856  Андреј Марков — руски математичар.
1925  Далтон Тревизан — бразилски писател.
1928  Ернесто Рафаел Гевара де ла Серна (Че Гевара) — јужноамерикански револуционер и борец за слобода.
1930  Бора Костиќ — српски и југословенски фудбалер.
1931  Васко Липовац — хрватски сликар.
1933  Јежи Кошињски — американски писател.
1946  Доналд Трамп — американски стопанственик и политичар.
1951  Александар Сокуров — руски филмски режисер.
1959  Слободан Николиќ — српски и југословенски кошаркар.
1961  Бој Џорџ — англиски поп-пејач.
1961  Сем Перкинс — американски кошаркар.
1961  Душан Коиќ — српски рок-музичар, член на групите Шарло акробата и Дисциплина кичме.
1963  Тони Савевски — македонски фудбалер.
1963  Рамбо Амадеус — црногорски рок-музичар.
1968  Тони Смит — американски кошаркар.
1969  Штефи Граф — германска тенисерка.
1969  Џексон Ричардсон — француски ракометар.
1973  Пламен Константинов — бугарски одбојкар.
1974  Винченцо Монтела — италијански фудбалер.
1976  Масимо Одо — италијански фудбалер.
1983  Матија Гаваци — италијански велосипедист.
1996  Гејб Винсент — нигериско-американски кошаркар.

Починале:

847  Методиј Iцариградски патријарх.
1837  Џакомо Леопардииталијански поет.
1904  Јован Јовановиќ - Змај — српски писател.
1934  Симеон Кавракиров — македонски револуционер.
1943  Веселин Маслеша — босански писател и партизан.
1968  Салваторе Квазимодо — италијански поет.
1986  Хорхе Луис Борхес — аргентински писател.
1994  Хенри Мансини — американски филмски композитор.
1995  Рори Галагер — ирски блуз и рок-музичар.
2009  Боре Ангеловски — македонски глумец.
2018  Станислав Говорухин — руски филмски режисер и глумец.

Празници:

*  Ден на знамето (САД).
Издвоен цитат

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер, кај што ќе заврши и нашето талкање. Нашето постојано паѓање“.
— „Пиреј“, Петре М. Андреевски, 1980 год.

Слика на денот

Вулфенит и калцит од рудникот „Ерупсион“ во Чивава, Мексико.
Дали сте знаеле...


Пафнутиј Чебишов
Пафнутиј Чебишов


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 162.388 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Викиизвор — збирка на дела и книги
Викивести — вести од светот
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Викицитат — збирка на цитати
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Викивидови — именик на видови
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци— база на слободни знаења
Википатување — туристички водич